Никој не може да порекне дека врската помеѓу браќата и сестрите е многу јака. Тоа најдобро го покажува видеото кое го снимил др. Родриго да Роса Филхо и го објавил на својот профил на Инстаграм.
Снимката покажува само што родени близнаци кои прегрнати плачат и меѓусебно се обидуваат да се утешат. после неколку секунди, нивното плачаење престанало и продолжиле да се прегрнуваат во тишина и со затворени очи.
„Тоа е причина зошто ги сакам близнаците. Во солзи и среќа, секогаш се заедно“, напишал лекарот.