(ВИДЕО) Добри луѓе:Градот прославил порано Божик поради дете кое можеби нема да го доживее декември!

12. годишниот Кеит Буркет од гратчето Стоу во американската сојузна држава Охајо е болен од редок облик на рак поради што лекарите се плашат дека нема да го дочека Божик.
Но, неговите сограѓани се погрижиле да не биде така. Тие одлучиле Божик да го прослават два месеци порано за да малечкиот Кеит сепак го доживее божиќното утро. Ги накитиле куќите, пееле божиќни песни и се облекле како Дедо Мразови и на малечкиот Кеит му приредиле Бижик од соништата, пренесува SWNS.


Кеит на својот Божик се возел и во пожарникарски камион, уживал во божиќната парада во која учествувале 100. автомобили украсени со божиќни украси и добил медал за храброст од градоначалникот. Кеит открил дека најмногу му се допаднало возењето со пожарникарите во пожарникарското возило.
„Мојот син го обожува Божик. Цел живот го трпи ракот и лековите и сакав мојот син да го доживее последниот Божик. Поради тоа кон крајот на септември куќата ја претворивме во зимска магија. Ставивме украси, знак за Северен пол и написот ’Среќен Божик’“, раскажала мајката на Кеит, Тејлор.


Набргу на прославата се придружиле и соседите и во октомври создале божиќен дух кој го воодушевил целиот свет и многу го усреќило болното дете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …