Вечерва во Кинотека ќе биде прикажан краткиот документарен филм на Столе Попов – „Оган“

Вечерва, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан краткиот документарен филм „Оган“.

Филмот претставува апотеоза на човековото знаење и способноста во процесот на работата да ја потчини и насочи огнената стихија. Атрактивните секвенци, кои речиси може да се почувствуваат, во кои при огромна температура на сите страни летаат искри, на филмот му даваaт дополнителна поетска длабочина, за што, впрочем, покрај режисерот и сценарист Столе Попов, заслужен е и кинематограферот Мишо Самоиловски, кој беше повеќекратно награден за исклучително добро завршената работа на овој филм.


Награди:
1974 ФЈДКФ, Белград, Златен медал „Белград“ за режија на Столе Попов
1974 ФЈДКФ, Белград, Медал „Белград“ за најдобра камера на Мишо Самоиловски
1974 ФЈДКФ, Белград, Награда за најдобар филм на ТВ Белград
1974 ФФ, Тузла, Гран при „Хусински рудар“ за режија
1974 ФФ, Тузла, Награда на публиката за режија
1974 Награда „Седум секретари на СКОЈ“ за филмот
1974 МФФ, Лајпциг, Специјална диплома
1974 Награда на ТВ-ревијата „ТВ новости“ за филм на годината
1974 Југословенски кандидат за Оскар
1974 11 Октомвриска награда за камера на Мишо Самоиловски

ОГАН
(Fire)
Краток документарен филм, Македонија
1974, 12 мин, ДЦП
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Столе Попов (Stole Popov)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …