Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“, групна изложба на студентите од осмиот семестар на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.


Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 30 мај 2024 година.


Изложбата се реализира како дел од „Европскиот месец на креативноста“, во соработка со CreArt Skopje, Културно информативен центар – Скопје и Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …