Том Хенкс и сопругата се заразиле од кинески државјанин: Биле во иста зграда!

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон моментално се наоѓаат во Австралија каде глумецот работи на филмот на Баз Лиман за Елвис Присли.
Странските медиуми пренесуваат дека после веста дека Хенкс има коронавирус,продукцијата на филмот е стопирана.
Gold Coast Bulletin ја објавил пораката до глумците и филмската екипа, а во која ги моли да останат во куќите.
„Ве молам да останете во своите куќи и да не доаѓате на работа. Сета активност е стопирана и нема да се продолжи до понатаму“, стои во писмото на режисерот.
„Лично ве молам да сфатите дека здравјето и добробитта на целата наша компанија во овој момент се најголем фокус. Големо фала за подршката додека се справуваме со оваа тешка ситуација“, порачал тој.
Том Хенкс во филмот го игра долгогодишниот менаџер на Елвис Присли, Том Паркер.
Инаку, се шушкало дека глумецот бил сместен во хотелот Peppers Broadbeachu, каде отседнал и еден кинески државјанин кој подоцна станал еден од првите случаи заразени со коронавирус во Австралија. Тој маж во хотелот пристигнал на 29. јануари и престојувал во истата зграда во која се наоѓа и горе споменатиот хотел, но не бил гостин на хотелот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …