(ФОТО) ЈАВНА ИНФОРМАЦИЈА НАМЕСТО ШПЕКУЛАЦИИ: Македонскиот пејач чија сопруга била на симпозиумот со заразената директорка од коронавирус се огласи на Фејсбук!

Македонскиот поп пејач Зоран Илиев, чија сопруга е дерматолог и била присутна на симпозиумот заедно со директорката на „Кожна клиника„ кај која е потврден вирусот, се огласи на Фејсбук.
Илиев ја информира јавноста дека неговата сопруга направила тест за коронавирус и истиот бил негативен.
„Поради професијата на мојата сопруга должни сме да потврдиме дека и таа била на дермоскопските предавања во ‘Рагуза’.СРЕЌА во несреќа, близок контакт со докторката што била веќе заразена со вирусот корона немала. Резултатите се негативни“, ја информира јавноста пејачот…
„Д Р У Г А Р И ! ! !
Поради професијата на мојата сопруга Andjelka
Должни сме да потврдиме дека и таа била на дермоскопските предавања во „Рагуза”
СРЕЌА во несреќа, близок контакт со Докторката што била веќе заразена со вирусот “Корона” немала…
НО! За да бидеме мирни ние а и Вие, на иницијатива на мојата сопруга, јас лично сабајлево однесов брисеви од неа во најдобрата клиника во Македонија а и пошироко „ЖАН МИТРЕВ“
Резултатите само што ни ги јавија и тие се
Н Е Г А Т И В Н И !
По неколку денови ќе бидат повторени овие испитувања.
Е ВАКА СЕГА …. Поради ПРОФЕСИОНАЛНОСТА на мојата сопруга, ќе ги испочитува до крај мерките на Министерот и нејзината приватна ординација Derma Care, нема да работи во наредните 14 дена , и дерматолошките прегледи што се одвиваа еднаш неделно (секој четврток) во ЖАН МИТРЕВ ќе бидат префрлени за после 14 дена.
Секој пациент што бил на преглед кај мојата сопруга, имал прилика да види колку е таа жртва за нив, и целото знаење (а верувајте не е фалба , туку доста е големо) и го пренесува со најголемо внимание и желба да помогне на секоја проблематика.
Вашите „чаршиски“ муабети и шпекулации, ве замолувам да си ги задржите за себе, и да бидете среќни, како што сме и ние, што Вашата докторка го нема тој вирус.
Поздрав“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …