Сузан Синг Ражбут (34) се самоубил.
Актерот починал во неговиот дом во Мумбаи, а само неколку дена пред трагедијата доживеал загуба, ненадејната смрт на неговата менаџерка.
Диша Салиан (28), неговата менаџерка, почина откако паднала од 14-ти кат од зграда во Мумбаи. Во соопштението објавено од пријателите на актерот се вели:
“Не боли да ве информираме дека Сушан Синг Ражбут повеќе не е со нас. Ги молиме неговите обожаватели да го имаат на ум и да го слават неговиот живот и работа, како што тоа го правеа досега. Исто така, ги замолуваме медиумите да ни помогнат да ја задржиме приватноста во овие моменти на тага“.
Ражбут беше актер, танчер, ТВ личност и претприемач, кој, меѓу другото, беше познат и по својата хуманитарна работа.
Се сомнева на самоубиство, велат од локалната полиција. Ражбут го имаше своето деби во Боливуд во 2013. година и ќе биде запаметен по улогата на индискиот крикет играч Махендра Синг Дони во биографскиот филм од 2016 година. Пред големиот екран се прославил со своите улоги во телевизиските серии.
Премиерата на последниот филм на „Dil Bechaa“, во кој глуми заедно со Саиф Али Кан, била закажана за мај, но и откажана поради пандемијата на коронавирус.