(Рецепт) Домашен сладолед од чоколадо: Леден десерт кој ќе ве освои!

Омилена летна посластица па уште од чоколадо…Дали можете да замислите нешто послатко во жешките летни денови?
Состојки:
5 белки
10 лажици шеќер
5 жолчки
500 мл слатка павлака
1 кесичка ванилин шеќер
300 мл млеко
200 г црно чоколадо
100 г лешници
Подготовка: млекото ставете го во сад да се загрее. Во чинија изматете ги жолчките па додајте им го шеќерот. Во врелото млеко додајте ги жолчките и матете додека смесата се згусти како пудинг. Тргнете од ринглата.
Посебно изматете ги белките па додајте, со лесно мешање, на изладената смеса со жолчки. Потоа изматете ја слатката павлака, додајте и го истопеното чоколадо – соединете ги двете смеси (јајцата и млекото со слатката павлака и чоколадото).
Се’ добро измешајте па истурете во соодветен пластичен сад и по површината нафрлете сечкани печени лешници. Префрлете во замрзнувач на најмалку три часа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стигнува Баба Марта со нагла промена на времето: Македонија на удар на многу ладен бран, ќе донесе снег!

Поради продор на многу поладен бран од север, денес (понеделник 17 март) навечер и ноќта …