Американскиот рапер Биг Поки (45) починал откако паднал на сцената за време на концерт во Тексас.
Музичарот, чие вистинско име беше Милтон Пауел, настапил на клупски настан во саботата. Во еден момент обожавателите го виделе како паѓа на бината.
Некои од присутните побрзале да му пружат прва помош на 45-годишниот рапер, пред да биде пренесен во болница, каде по неколку часа починал.
„Беше многу сакан од семејството, пријателите и верните фанови“, напишал неговиот менаџер во изјавата за медиумите.
View this post on Instagram
„Big Pokey засекогаш ќе биде ‘Најтешката јама во ѓубрето’“, додал тој, мислејќи на насловот на неговиот деби албум од 1999 година.
Пауел исто така беше еден од основачите на „Screwed Up Click“, голема хип-хоп група во Хјустон. Тој беше и зачетник на жанровски музички проекти кои стекнаа голема популарност.
Фото: Принтскрин/Instagram