ЛУЃЕТО денес се подготвени да направат сè за еден клик повеќе, дури и да монтираат „стаклени тркала“ на спортски автомобил.
Токму тоа го направил сопственикот на Toyota Supra. Станува збор за четвртата генерација во црвено, автомобил кој буди интерес со својот изглед и обезбедува популарност на социјалните мрежи. Сепак, оваа Supra е повеќе од магнет за нови кликови.
Верувале или не, оваа Supra вози на потполно проѕирни тркала, ако овие плочи воопшто може да се наречат така. Јасно е дека автомобилот не добил ништо со овој додаток. Сосема е сигурно дека не се многу употребливи, а уште помалку удобни. Сепак, оваа апликација на поликарбонат обезбедила создавање видеа што ги прегледале над 4,3 милиони корисници на мрежата TikTok.
@rota.do.caos Supra Glass Tires #accident #smash #carros #desafio #acidente #batida #car ♬ Sea Of Problems – Sped Up – Glichery
И ако мислевте дека овие тенки панели ќе се скршат под тежината на Supra, особено кога е под гас и тркалата се вртат, можеби ќе ве чека изненадување. Во секој случај, терминот изгорување со мирис на поликарбонат доби сосема ново значење. Супрата преживеа барем засега.
Фото: Принтскрин/TikTok