Шакира и Пике и по речиси една година откако потврдија дека се разделуваат, се уште се една од темите за кои јавноста не престанува да зборува.
Се следи секое нивно движење, а пејачката на која и цути кариерата, сега најави дека кон крајот на јуни ќе претстави нова песна.
View this post on Instagram
Во видеото Шакира се „претвора“ во сирена, а токму нејзиниот костим ги инспирирал фановите за бројни коментари.
View this post on Instagram
„Сега конечно можеме да кажеме – Пике замени сирена за сардина“, „Вистинска сирена“, „Дизни жали што ја претстави погрешната Ариел“, „Замени Ролекс за Касио, сирена за сом“, „Ова видео ќе биде таков хит“, течеа коментарите.
Во последните неколку недели Шакира не се разделуваше од Луис Хамилтон, британскиот возач на Формула 1. Двојката неколку пати е видена на вечера, пејачката присуствувала на трките на Формула, а во неколку наврати се дружеле и на неговата јахта.
Во меѓувреме, Пике и Клара Чиа, со која ја изневеруваше Шакира, одат на суд и поднесуваат тужби против новинари и фотографи.
„Ти благодарам Жерар, благодарение на тебе сите уживаме додека ја гледаме Шакира како се забавува со вистински светски шампион“, е коментарот со најмногу лајкови под фотографијата на Пике на која позира со Клара.
Фото: Принтскрин/Instagram