Студент (20) прв пат цела ноќ пиел со другарите а потоа УМРЕЛ: Поради предизвик на ЈуТјуб ја оставил неутешната мајка!

Таа верувала дека нејзиниот сакан син никогаш нема да направи вакво нешто…
Кога полицијата во англискиот град Виган затропала на нејзината врата наутро, Кристи Каниф, знаела дека нешто не е во ред со нејзиниот син Мајки.
20-годишникот никогаш не излегувал надвор. Вежбал салса, тренирал ММА вештини и живеел потполно мирен живот.
Овој пат тој одлучил да ја прифати поканата на тројцата пријатели и отишол кај еден од нив дома, чисто за да ги испочитува. Полицијата утрото ја ималас најлошата вест за Кристи Каниф.
– Веќе почнав да плачам кога ми рекоа дека имаат лоши вести. Младо, паметно, интелигентно момче, мојот мал син, кој никогаш порано не бил во пабови и клубови и бил ужаснат од тој начин на живот, живот го чинеше една, иако домашна забава – вели Кристи.
На мајката на починатиот млад човек најтешко и паднала причината за неговата смрт.
– Полицајците ми рекоа дека починал откако испил литар вотка! Тоа ме уби до крајот на животот. Ништо не ми беше јасно. Никогаш не пиеше. Дали сакаше да се опушти и да проба алкохол за прв пат? Дали неговите пријатели го повикаа бидејќи не пие, па тој сакаше да им ги „затвори устите“ со ова? Дали беше очаен длабоко во себе, па посегна по најлошото решение? Никогаш нема да го добијам вистинскиот одговор на тие прашања. Тој беше еден од оние „еден во милион“ млади луѓе, студент во втора година на Машинскиот факултет.
Полицајците и рекле дека добиле одговор од пријателите на Мајки дека гледале видеа на Јутјуб како луѓе пијат се и сешто, испитувајќи ги границите на нивните организми. Мајки го прифатил предизвикот да испие еден литар вотка.
– Велат дека после пијачката, тој само легнал во друг кревет, се превиткал и заспал засекогаш. Тие дури и не забележале кога починал. Другарите и рекле на полицијата дека мислеле дека нешто не е во ред кога го допреле и виделе дека е студен, како и дека устата му е сина. Дошла брза помош, но немало спас – вели Кристи.
Маќеата на Мајки, Аманда, на социјалните мрежи напишала дека бил грижлив млад човек, нежен и внимателен кон своите роднини и дека загубата на неговиот живот е огромна и непоправлива загуба за секого.

Фото: Принтскрин/Manchester evening news/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …