СТАРИЦА (96) ПРЕД СУД ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ – РАБОТЕЛА ВО ЛОГОРОТ ШТУТХОВ: Обвинета е за нацистички злосторства – како млада девојка помогнала во убиството на повеќе од 11.000 луѓе

96-годишна жена обвинета за нацистички злосторства за време на Втората светска војна ќе се појави пред судот за малолетници во септември, бидејќи за време на злосторството имала 18. години.
Ирмгард Фурчнер е обвинета за помагање во убиството на 11.430 затвореници во концентрациониот логор Штутхов за време на Втората светска војна, објави Miror..
Во тоа време, таа работела како секретар на логорот кај командантот Пол-Вернер Хоуп.
Фурчнер сега живее во дом за стари лица во Квикборн, близу Хамбург, но ќе мора да се појави пред судот за малолетници во регионалниот суд во тој град на 30. септември.
Според обвинението, „како дактилографка за командантот на концентрациониот логор, таа е осомничена дека им помагала на врховните команданти во убиството на затворениците помеѓу 1943. и 1945. година“.


Нацистите убиле околу 65.000 луѓе во Штутхоф и неговите поткампови во близина на Гдањск, Полска, сè додека Советската црвена армија не влегла и не ги ослободила затворениците во мај 1945 година.
Жртвите, вклучително и Евреи, Полјаци и други воени заробеници, биле труени и фрлани во комори за гас, застрелани или добивале смртоносни инјекции.
Многумина починале од болести и глад.
Додека работел во логорот, Фурчнер, чие моминско презиме е Дирксен, се запознала со нејзиниот сопруг, член на СС дивизијата, Хајнц Фурчнер, наведува британскиот весник.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …