Момчето шетало со неговата мајка кога Мекгонагл излегол од црвениот автомобил, го грабнал момчето и трчајќи го одвел во автомобилот додека друг повозрасен осомничен седел на совозачкото седиште
Џејмс Мекгонагл (24) во четвртокот се обидел да киднапира петгодишно дете пред неговата мајка. Сè е снимено од камерна надзор на улицата во населбата Квинс во Њујорк.
На видеото се гледа петгодишно дете како шета со неговата мајка околу 20. часот на авенијата Хилсајд во Ричмонд Хил кога Мекгонагл излегол од црвениот автомобил, го грабнал момчето и трчајќо го одвел во автомобилот додека друг повозрасен осомничен седел на совозачкото седиште . Мајката на момчето, Дијана Дијаз Лопез, веднаш тргнала по него. Таа успеала да го извлече од прозорецот на автомобилот и да го спаси, пишува abc7ny.
https://abc7ny.com/queens-attempted-kidnapping-man-snatches-5-year-old-mother-saves-son-from-kidnapper-richmond-hill/10894192/
UPDATE: A 24-year-old male has been arrested and charged with:
– Attempted Kidnapping
– Reckless Endangerment
– Acting in a Manner Injurious to a Child less than 17 https://t.co/WXxXyk5JEq
— NYPD NEWS (@NYPDnews) July 17, 2021
Полицијата успеала да го пронајде киднаперот во болницата Брокдејл каде бил од непозната причина и го уапсиле. Тие сè уште го бараат другиот осомничен, кој наводно е неговиот татко. Мекгонагл првично бил обвинет за обид за киднапирање, несовесно загрозување и третман на начин штетен за детето. При апсењето, тој удрил полицаец во главата, па е обвинет и за тоа.
Мајката рекла дека одела со децата одела кон работното место на нејзиниот сопруг кога Мекгонагл се обидел да го киднапира нејзиниот син. Инстинктот на мајката, вели таа, и помогнал да се спаси својот син.
– Морав да го сторам потребното, без оглед на се. Автомобилот беше паркиран. Не можев ни да замислам дека некој може да излезе од него и да го грабне мојот син. Секогаш треба да бидете свесни за вашата околина – рекла таа.
Фото: Принтскрин/