Симон Трпчески: Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика

Создавањето на Национален оркестар за џез музика е добредојден чин што Македонската филхармонија го поздравува. Но, сместувањето на двата музички ансамбли како две национални установи во еден дом, под еден покрив е неприфатливо од причина што ќе создаде низа непријатности во административното работење и ќе се одрази врз конструктивноста, креативноста и продуктивноста и на двете национални установи.

Ова се потврдува со повеќе аргументи, бидејќи пред се, новоформираната национална установа не е компатибилна со дејноста на Македонската филхармонија, иако е во сферата на музиката. Објектот на Македонска филхармонија е наменски изграден за потребите на музички оркестри како гудачки квартет, дувачки квинтет, перкусионисти и не компатибилна за друг музички правец. Се мешаат две различни категории.


Џез музиката е високо почитувана музичка сфера и заслужува, посебно во форма на национален оркестар, адекватно, наменско и трајно решение каде овој квалитетен состав од врвни музичари и идните што ќе дојдат, ќе може да го дадат својот максимум во креативноста и изведбите.

This image has an empty alt attribute; its file name is filharmonija.jpg


Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчески кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење за шареноликоста на нашата музичка и културна сцена. Ако има потреба поддржувам изградба на посебен простор за нив со сите услови за креативност, во кој секако ќе уживаме сите заедно. Додека, пак, салата на Македонската филхармонија, се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчески.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден во 2018 година почина новинарот Љубомир Вељковиќ – Раф

Љубомир Вељковиќ – Раф е роден во Скопје во 1943 година. Тој беше истакнат македонски …