СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНС ПАУЗА ЗА РЕКЛАМИ

Во Јавна Соба се одржа премиерата на мултимедијалниот, театарски перформанс “Пауза за реклами”. Станува збор за монодрама на Никола Кузелов низ која се преплетуваат филмски и музички форми.

“Пауза за реклами” е авторски текст на Никола Кузелов кој говори за смислата на живеењето и погледот на светот низ призмата на човек кој знае дека умира. Авторот го споредува животот со кратка пауза за телевизиски реклами, алудирајќи на човекот како жртва на конзумеризмот и капитализмот за време на своето постоење, како и за забранетото задоволство кое не прави среќни.


Режисерскиот печат го потпишува Марјан Гавриловски, а Валентин Видовиќ стои зад оригиналната музика која ја изведува во живо на гитара, флејта и тарабука.
Проектот е подржан од Министерство за култура, а следните изведби се очекуваат во Септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …