Овчеполски гроздобер ЛОЗОВО 2023

На 6 и 7 септември, во Лозово со голем ентузијазам ќе се реализира за првпат голем културен настан – Овчепослки гроздобер ЛОЗОВО 2023.

Лозово во наредните два дена (6 и 7 септември) на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музички настан – Овчеполски гроздобер Лозово 2023. Настанот е замислен како дводневен фестивал со кој ќе се одбележи започнувањето на гроздоберот во овој регион а ќе се прослави и независноста на Македонија.


На 6 септември ќе може да се чујат: Атиџе Муратова – хероината од Дурфулија, главната протагонистка на филмот “Медена Земја”, ФА Кочо Рацин од Лозово, ФА Јанко Глигоров од Свети Николе, ГМД Свети Николај од Свети Николе а главна ѕвезда на вечерта ќе биде Спасен Силјановски со својот бенд.На 7 септември публиката ќе може да го чуе Ламбе Алабаковски , Next Time и Joe Bonga & Dj Dac .

Настанот ќе се одржува во Лозово, во непосредна близина на игралиштето од 21:00 часот. На 7 септември пред полноќ жителите ќе имаат можност да уживаат во огномет и заедно да ја прослават независната на Македонија.


Овој фестивал е одлична шанса да се искуси богатството на македонската култура и најдоброто од македонската музика, збогатена со одличните вина од овој регион.

Се надеваме дека и Вашиот ценет медиум ќе ни помогне во ширењето на оваа информација со објавување на ова соопштение до јавноста.


Воедно ве покануваме да бидете дел од овој настан службено или како наши гости и заедно со чашка вино да уживаме во одличната музичка програма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …