Се јавила деветтата жртва на Вајнстајн: „Насилно ми влезе во собата и ме силуваше“

После доделувањето отишла на забава на која го запознала Вајнштајн. Во разговорот споменала дека ќе се смести во Сандерсон хотел. Продуцентот ја изненадил и и’ се појавил на вратата…
Натасиа Малте (43) го обвинила холивудскиот предатор Харви Вајнштајн (65) за сексуално злоставувње. Глумицата позната по филмовите „Електра“ и „Куќата на дебелата мама 2“ тврди дека ја силувал после доделувањето на наградите БАФТА во 2008. година.
„Се плашев ова да го изговорам, но пријателите ме поддржаа. Тоа го правам и поради тригодишното дете кое сакам да знае како се третираат жените. Не сакам младите девојки кои ќе дојдат во Холивуд да минуваат низ она низ што јас минував и го искусив“ ја почнала Малте својата сиповед.
После доделувањето отишла на забава на која го запознала Вајнштајн. Во разговорот споменала дека ќе се смести во Сандерсон хотел.
„Откако се вратив во хотелот се преслеков со облека во која обично спијам. Ме разбуди тропањето на вратата“ раскажува глумицата.
На вратата бил продуцентот кој викал:„Отвори Натасиа Малте, Харви Вајнштајн е“.
„Во тој хотел отседнаа многу мои колеги. Ја отворив вратата бидејќи ми беше срам дека некој ќе го слушне викањето и ќе помисли дека спијам со него“ рекла глумицата.
Раскажала дека Харви изгледал како да е на дроги. Легнал на нејзиниот кревет и почнал да мастурбира па рекол дека многу глумици кои спиеле со него успеале поради тоа да направат кариера.
Потоа ја силувал без презерватив, но не ејакулирал во неа.
„Ги затворив очите и чекав се’ да заврши. Се чувствував ’мртво’. После тоа останав да лежам. Се’ ми се гадеше“ вели Натасиа.
Веќе вториот ден и го испратил сценариото за филмот „Nine“. Била посрамена поади целата ситуација, но сепак одлучила да оди на аудицијата.
Се сретнала со режисерот Роб Маршал, а потоа и се јавил и Вајнштајн.Се согласила на средба бидејќи таму требала да биде и неговата асистентка.
„Таа ми ја отвори вратата. Во собата беше уште една девојка која почна орално да го задоволува Ванјштајн. Ме повикаа да им се придружам, а кога одбив почнаа да се смеат“ вели глумицата.
Подоцна се налутил и и викал:„Ова беше одлична прилика, неблагодарна ку*ко“. Се откажала од филмот „Nine“, но и од актерската кариера.
„Ова не е единствен случај кој ми се случил, но е најлош. Има многу моќни мажи во Холивуд кои искористуваат жените“ рекла Малте.
Таа е деветта жена која јавно го обвинила Вајнштајн за силување. За слично искуство проговориле и Рози МекГаун, Асиа Аргенто и Лисет Ентони, студентката Лусиа Еванс и четири жртви кои не сакале да го откријат својот идентитет.
Неодамна се јавила и поранешната асистентка Мими Хајли која тврди дека ја нападнал за време на менструација…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност

Денес со почеток во 13:00 часот, во амфитеатарот 3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во …