Новата жртва на Харви Вајнштајн, Мими Халеј, , асистент по продукција во неговата компанија, одлучила да проговори јавно и рекла дека познатиот холивудски продуцент ја силувал во неговиот стан во Њујорк уште во 2006. година.
Мими тврди дека го посетила Вајнштајн во неговиот стан во Њујорк, за да зборуваат за работа, кога тој и се нафрлил. Таа наведува дека неколку пати сеобидела да го одбие, велејќи му дека има менструација, но дека тоа не успеалои дека Вајнштајн на крајот ја совладал.
“Не прифаќаше не како одговор, само ме одвлече во една мрачна просторија,која изгледаше како детска соба. Цврсто ме зграби и не успеав да се извлечам,колку и да се обидував”, рекла Мими.
Како што рекла за медиумите, Вајнштајн го извадил тампонот кој го имала, ипотоа орално ја задоволувал без нејзина дозвола.
“Бев преплашена и не можев да поверувам што ми се случува”, рекла Мими, којабила заедно со својот адвокат.
“Се сеќавам дека тогаш ми кажа: ’Зарем не чувствуваш дека сега сме многупоблиски?’, а јас му кажав дека не чувствувам ништо”, рекла Халеј, којанавела дека се запознала со продуцентот на европската премиера на филмот”Аватар”, на фестивалот во Кан во 2006.година. Кога се сретнале во
неговиот стан, некое време по фестивалот, тоа требало да биде деловенсостанок, бидејќи таа работела на неколку негови филмски проекти.
И’ на фестивалот во Кан Мими имала состанок со Вајнштајн, кога во неговатахотелска соба, по нормалниот почетен деловен разговор, уследило непријатнопрашање од продуцентот „дали би можела да го измасира”, пишува Daily Mail.
“Се чувствував глупаво и плачев што воопшто бев воодушевена дека ќе се сретнам со него тогаш”, рекла Мими и додала дека била изненадена кога нешто подоцна во Њујорк ја повикал да работи на еден телевизиски проект.
Таа додала дека тогаш бил вистински џентлмен и деловен човек и ја прифатила понудата, но дека тоа набрзо исчезнало.