Роман Абрамович своите 12,5 милијарди долари ги преселил во Израел: Збогум Лондон – Здраво Тел Авив!

Богатството на рускиот бизнисмен се проценува на 12,5 милијарди долари
Рускиот бизнисмен, Роман Абрамович, станал, денес, најбогат граѓанин наИзраел, јавува Тајмс.
Информацијата забележува дека богатството на Абрамович е проценето на 12,5 милијарди долари.
Според весникот, Абрамович ќе живее во престижната област Тел Авив – “Неве Седек”, во приватна резиденција која претходно била хотел а која ја купил од израелската актерка Гал Гадот.
Како нов граѓанин на Израел, Абрамович нема да плаќа даноци во период од 10 години, додава весникот.
Претходно денес, Абрамович пристигнал на аеродромот „Бен Гурион“ со приватен авион, во согласност со аеродромските процедури. Но, дали му е издаден пасош од еврејската држава се’ уште не е објавено.
Известувањето наведува дека бизнисменот ги исполнил сите неопходни услови а добие израелско државјанство, минатата недела во Амбасадата на Израел во Москва.
На 24. мај, друг израелски весник “Израел Хаџом”, пишувал дека Абрамович
одлучил да имигрира во Израел поради тешкотии во добивањето Британска виза, па не ја продолжил таа за престој. Според информиран извор од властите во Ерусалим, Абрамович веќе ја напуштил земјата. Тој бил во Израел само неколку часа за да го добие израелското државјанство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …