Вечерва во Планетариумот во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи првото издание на музичкиот фестивал Skopje Space Jam.
Програмата за ова прво take off издание е:
19.00 – 19.45 – Ема Ананиевска
20.00 – 20.45 – Алембик
21.00 – 21.45 – Ата
Во рамки на настанот ќе бидат изложени астрофотографии на Ѕвездица Алексоска.
Влезниците можат да се набават во билетарницата на МКЦ.