Сеќавање – На денешен ден почина великанот на македонското глумиште Дарко Дамески

Дарко Дамески беше роден во Прилеп на 12 мај 1932 година. Тој беше еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери.

Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност.


Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.

На 17 годишна возраст се запишува на школување на тогашната Државна театарска школа во Скопје. Тој уште во текот на школувањето пројавува многу голем интерес за глума. Поради таа причина тој уште во текот на неговото школување настапува во македонски народен театар и уште во самиот почеток доаѓа до израз неговата приврзаност кон театарот и глумата. Во Македонскиот народен театар има остварено многу настапи и има остварено многу значајни улоги. Но тој не застанува тука, туку тој се фрла во водите на филмската глума. Дамески својот прв филмски ангажман го забележува со епизодната улога во првиот македонски филм наречен “ФРОСИНА”. После неговиот доста успешен настап во овој прв македонски филм тој настапува скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога,во споредна улога или пак како глумец. Неговиот физички изглед односно неговата физиономија ги одредила и ликовите коишто ги има толкувано. Тие ликови се воглавно негативци, со одредени исклучоци. Дамески има многу голем углед и на основањето на драмски театар. Тој во неговиот живот има остварено многу значајни и успешни улоги за коишто добива многу значајни награди и признанија. Едно од неговите најголеми достигнувања беше глумата во филмот “ЦРНО СЕМЕ”, со којашто ја збогатил својата глума со нови изразни средства и бил добитник на наградата “Златна Арена” на фестивал во Пула. Дамески е активен сè до неговата смрт.


Како еден од македонските врвни глумци Дамески има освоено неколку позначајни награди и многу признанија.Од нив како позначајни можат да се издвојат специјалната награда за филмот “Планината на гневот” која ја има добиено во 1967 година во Ниш.Како и наградата која претставува врв на неговиот филмски успев, наградата Златна арена која му била доделена на фестивал во Пула во 1971 година. Потоа наградата Голема повелба за главна улога која му била доделена истата година за истиот филм во Ниш.Како и Републичката награда 11 Октомври која му била доделена во 1972 година повторно за филмот “Црно Семе”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …