ПРЕЖИВЕАЛ НЕВОЗМОЖНО: Се качил на оградата и се фрлил низ водопадот на Нијагара – Полицијата во шок кога го пронашле!

Човекот кој се фрлил низ моќниот водопад на Нијагара е најден во добра состојба и е извлечен од реката 50. метри подолу од местото од каде што скокнал, соопштила канадската полиција.
Полицијата во паркот Нијагара во вторникот пред зора е известена дека „човек во криза“ стои покрај брегот низводно од водопадот.
Кога полицијата пристигнала човекот се качил на заштитната ограда и потоа скокнал.
После потрагата во реката под водопадот човекот е најден како се држи за карпа, со повреди кои не биле опасни по живот и дека е однесен на лекување во болница, соопштила полицијата.
Тој се фрлил од канадската страна на реката Нијагара која граничи со Соединетите Држави и преживеал пад од 57 метри.


Полицијата не го открива идентитетот на лицето.
Тоа е само четврто лице кое без заштитна опрема, каква што за спектакуларни самопромотивни скокови користат егзибиционистите, преживеало пад на тоа место, соопштуваат локалните медиуми.

Фото: msn

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …