Позната како мама Д – Холивудска актерка загинала во пожарите во Лос Анџелес, тажната вест ја потврдило семејството

Поранешната холивудска актерка Дејлис Кари, позната по улогите на статист во филмовите „Десетте заповеди“ и „Браќата Блуз“, трагично загинала на 96-годишна возраст во пожар што го зафатил нејзиниот дом во Алтадена, Калифорнија.
Нејзините останки биле пронајдени на местото на нејзиниот поранешен дом, кој бил целосно уништен од пожар.
Веста за нејзината смрт на социјалните мрежи ја објавила нејзината правнука Дејлис Кели, која на Фејсбук напишала: „Пред околу еден час судскиот вештак потврди дека се пронајдени нејзините останки“.
Дејлис Кели, која исто така била старател на Дејлис Кари, рекла дека последен пат ја видела својата прабаба во вторникот вечерта, кога таа се вратила дома по посетата на болницата.
Актерката позната како Momma D, која глумеше и во филмот „Lady Sings the Blues“ имала 95 години и долго време била во пензија.
Да потсетиме дека шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна на прес-конференција открил дека најмалку 24 лица се пријавени за исчезнати од вторникот.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОТКРИЈТЕ ГИ ЛОШИТЕ ЛУЃЕ: Фројд имал јасен став за тоа со кои луѓе никогаш не треба да се трудите

Фројд зад себе остави голем број мудри реченици кои луѓето ги користат и денес Интересно …