Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција, ќе ги прикажaт случувањата од изминатата година во јавниот и во политичкиот живот, како во земјава така и во странство. Се верува дека преку маските, Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар, испраќајќи порака за промена на негативните збиднувања во општеството.

Дефилето почнува околу пладне, од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртат Василичарското оро. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.


Манифестацијата ќе заврши со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Вевчанскиот карневал, по 20 години, минатата година повторно стана дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Преку членувањето во Федерацијата се врши промоција на Карневалот, кој ќе биде дел од повеќе карневалски манифестации, а со тоа се промовира и Вевчани, но и државата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …