Супер-големи телевизори: центар на забава во вашиот дом

Супер-големите телевизори се совршени за сите кои бараат врвна слика и впечатлив дизајн, кои истовремено ќе донесат висококвалитетно искуство при гледањето на телевизија. Со големи дисплеи од фантастични 98 инчи (249см) и иновативни технологии кои ги движи вештачката интелигенција, овие телевизори се идеални за секој дом, создавајќи живописни визуелни ефекти, импресивни звуци и единствено искуство со гледање. Независно дали ги користите за уживање во омилените филмови, спортски настани или видеоигри, овие телевизори ќе обезбедат не само неверојатна слика, туку и стилски изглед што совршено ќе се вклопи во вашиот простор.

Доколку се одлучите за во својот дом да внесете оригинално кино-искуство, ова се телевизориите кои ги препорачуваме од Samsung кој е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред:


Neo QLED 4K QN90D

За вистинските љубители на кино искуството во домот наменет е огромниот Neo QLED 4K QN90D чии 98-инчен екран го прави воодушевувањето уште поголемо. Специјалната функција SuperSize Picture Enhancer со помош на ВИ дополнително ја подобрува сликата и ја приспособува за супер-големите екрани, додека NQ4 AI Gen2 процесорот ги оптимизира сликата и звукот и овозможува да ја почувствувате целосната моќ на вештачката интелигенција во 4К. Технологијата Quantum Matrix на овој врвен телевизор овозможува прецизна ултра фина контрола на светлината, која совршено ги истакнува сите детали во светлите сцени, како и во помрачните, за кои дополнително тука е и HDR оптимизацијата за подобрени приспособувања на осветлувања и бои.  Новиот Neo QLED 4K QN90D ито така ја има функцијата Auto HRD Remastering благодарение на која SDR содржините сега ќе можете да ги гледате со квалитет на слика како во HRD со посветли истакнувања, поживописни бои и појасни детали.  Звукот ќе го слушате во највтентичната оригинална форма со аудио AI обработка и surround звук искуство од следното ниво со Dolby Atmos нагоре насочени звучници.  Функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи ќе ја трансформира секоја содржина во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone. Исто така, да не ги заборавиме гејмерите, на кои можноста да ја прилагодат длаочината на сцените и исклучителната стапка на освежување од 144 Hz ќе им овозможат да можат да стекнат мала предност пред ривалите, додека истовремено уживаат во игрите како што доликува за 2024 година.


Crystal UHD DU9000


Маестралниот big inch телевизор Samsung Crystal UHD DU9000, кој исто така се издвојува како совршен за секој филмски ентузијаста, спортски љубител или искусен профи гејмер. Со својот масивен ТВ екран од истотака 98 инчи (249 см) и функцијата  Supersize Picture Enhancer која користи вештачка интелигенција за обработка на слики во реално време и за која било визуелна содрина, тој нуди извонредно доживување при гледањето што целосно ќе ве внесе во светот кој го гледате на екранот, благодарение на Crystal UHD технологијата која обезбедува живописни, реални бои и јасни детали за вистинско уживање во седмата уметност. Кристалниот процесор 4К кај овој телевизор дозволува да се истакнат вистинските бои во сериите, филмовите и сите други содржини кои ги гледате, благодарение на моќната технологија на скалирање обезбедувајќи 4К резолуција. Штом зборуваме за боите, функцијата PurColor ќе ја испродуцира содржината што ја гледате во огромен спектар на живописни бои за оптимален перформанс и реалистичко гледачко искуство. А згора на тоа, Contrast Enhancer функцијата динамично го приспособува контрастот и дава вистинско чувство на длабочина и боја. Звукот е совршено реален додека го следи дејството, а со помош на аудиосценската интелигенција, тој се прилагодува кон содржината која е на екранот.

QLED 4K Q80C

Телевизорот  QLED 4K Q80C со своите 98 инчи поседува исклучителен контраст на живописни сцени на екранот, постигнат благодарение на револуционерната технологија Quantum HDR+, која обезбедува неверојатно искуство. Неверојатниот SuperSlim дизајн е совршена мешавина од врвна елеганција, модерен минимализам и футуристички изглед за кој секој дом сонува, и токму од нив ќе извира забавата од која никогаш нема да ви биде доста. Neutral Quantum 4K процесорот со напредна вештачка интелигенција ќе ги подобри на сликите со низок квалитет, а интелигентниот режим за удобност на очите, ќе ја прилагодат на начин така што ќе биде пријатна за повеќечасовно гледање во екранот без заморување. Лудилото од бои кои ќе ги гледате на екранот е резултат на Quantum Dot технологијата со која ќе се изненадите од   приказот на милијарда нијанси на автентични бои, сертифицирани од PANTONE, преточени во неверојатно живописни слики. Што се однесува до звукот, ќе бидете опкружени со тродимензионална прецизност, создавајќи длабочина и атмосфера што целосно ќе ве потопува во светот на филмовите, музиката и игрите. Виртуелниот звук што ја придружува акцијата со технологијата OTS Lite ќе ја подобри вашата забава. Звукот ќе се синхронизира со случувањата на екранот, давајќи ви автентично и импресивно аудио искуство. Секој звук, од тивок дијалог до експлозивни акциони сцени, ќе биде јасен, детален и извонреден.

Зошто Samsung телевизор?

Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот ќе го најдете во долгогодишната успешна приказна која Samsung ја гради со својот екосистем во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни.

Големите телевизори не се само инвестиција во технологијата, туку и во создавањето на незаборавно домашно искуство. Тие го претвораат секој простор во место за уживање, забавувајќи го целото семејство и гостите со впечатлива слика и звук. Независно дали станува збор за филмови, спортски настани или видео игри, големите телевизори го претвораат гледањето во нешто повеќе од обичен момент – тие ја зголемуваат вредноста на вашето живеење, правејќи го домот помодерен и полн со ентузијазам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …