Јордан Витанов е роден во Велес на 13 јануари 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски и филмски глумец и режисер.
Живее и работи во Велес. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 година е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) е и директор на истиот. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.
Од многуте забележителни остварувања посебно треба да се истакнат улогите на Содо Арамијата во претставата ,,Крчма на патот за Европа“ од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добива наградата за најдобра машка улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал ,,Боспорски Агони“ во Керч, Украина, за улогата на Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на градот Велес. Покрај на матичната сцена, остварува и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата.
Филмографија:
1986 Среќна нова ’49 ТВ-филм
1989 Кога меракот пее ТВ-серија
1991 Македонија може ТВ-серија
1993 Еурека ТВ-серија
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994 Проколнати ТВ-филм
1995 Заборавени ТВ-филм
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија
2001 Прашина ТВ-филм
2003 Последниот фалцер ТВ-филм
2004 Големата вода ТВ-филм
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм
2006 Мост ТВ-филм
2007 Јас сум од Титов Велес ТВ-филм
2007 Елегија за тебе ТВ-филм
2007 Цимери ТВ-серија
2010-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Последниот Македонец ТВ-филм
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2022 Куќен притвор ТВ-серија
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија
2023-2025 Македонски стари приказни ТВ-серија
2025 Утре Наутро ТВ-серија
Награди и признанија:
- Награда за најдобра машка улога на “Театарскиот фестивал” Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата на “Содо” арамијата во претставата “Крчма на патот за Европа”
- Добитник на наградата за најдобра машка улога на “Меѓународниот театарски фестивал” “Боспорски Агони” во Керч Украина
- Награда за главна машка улога за улогата на “Благој” во претставата “Ноќите во Бел Сатен” на Театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп
- Награда “9-ноември” на градот Велес.
- Награда “Петре Прличко”
- Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”
Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Јордан Витанов.