Зголемете го  внесувањето – Една од најважните хранливи материи за телото: Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Витаминот Ц е есенцијална хранлива материја која го зајакнува имунолошкиот систем и спречува болести и сериозни здравствени проблеми.
Имено, повисокото ниво на витамин Ц во крвта може да биде идеален показател за целокупното здравје. Колку повеќе го проучуваме витаминот Ц, толку подобро разбираме колку е разновиден во заштитата на нашето здравје: од кардиоваскуларни болести, рак, мозочен удар, здравје на очите и имунитет.
Тој е одличен природен антибиотик, антивирусно средство, антитоксин и антихистамин. Затоа, неговиот недостаток во организмот може да претставува сериозни здравствени ризици.
Ова се рани знаци дека вашето тело има недостаток на витамин Ц.

Склоност кон настинки и грип – Витаминот Ц го поддржува производството на бели крвни зрнца кои ги уништуваат вирусите и бактериите и делува како моќен антиоксиданс кој спречува инфекции. Неговиот недостаток може да ве направи поподложни на грип, настинка или инфекција на грлото.


Модринки – Недостатокот на витамин Ц во телото ги ослабува капиларите, па склоноста кон модринки може да биде уште еден ран знак за овој проблем.


Крварење од носот – Редовното внесување на витамин Ц ги зајакнува капиларите, но несоодветното ниво на оваа хранлива материја може да предизвика крварење од носот бидејќи носот е обложен со неколку такви мали крвни садови поблиску до површината на кожата.

Болни, отечени зглобови – Ниското ниво на витамин Ц го зголемува ризикот од ревматоиден артритис, кој предизвикува оток и интензивна болка во зглобовите.


Сува, груба, црвена кожа – Бидејќи витаминот Ц е потребен за синтеза на колаген во кожата, неговиот недостаток предизвикува развој на проблеми со кожата, како и состојба на кожата наречена keratoza pilaris, која се карактеризира со груби дамки или мали испакнатини на бутовите, задникот, надлактиците и образите.

Бавно зараснување на раните – Витаминот Ц му помага на сврзното ткиво да се врзе за раната и е клучен за обновувањето на ткивото, па ако на раните им треба долго време да зараснат, вашето тело може да има недостаток на витамин Ц.

Замор и анксиозност – Ако се чувствувате постојано уморни и вознемирени, тоа може да биде резултат на ниското ниво на витамин Ц во вашето тело.

Отечени и крвави непца – Витаминот Ц е од суштинско значење за здрави заби и непца бидејќи го зајакнува епителното ткиво кое делува како бариера против бактериите кои водат до забни заболувања. Затоа, неговите помали недостатоци доведуваат до воспаление, крварење и отекување на непцата, како и периодонтитис и инфекции на непцата.

Сува коса и раздвоени врвови – Телото го насочува витаминот Ц прво до најважните ткива и органи. Помалите количини на витамин Ц доведуваат до сува коса и поделени врвови, што може да доведе до губење на косата и застој во растот на косата.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО рецепт) Без печење: „Наполеон торта“

Колач торта кој се подготвува за неколку минути, толку е брзо. Брза и едноставна но …