(ВИДЕО+ФОТО) „Нарцисоидно копиле“ – Репортер станалпредмет на потсмев откако известувал за пожарите во ЛА: Неговиот изглед му бил поважен од жртвите

Репортерот на ABC News, Дејвид Муир станал предмет на потсмев на социјалните мрежи откако известувал за пожарите во Лос Анџелес.
Имено, бројни корисници на социјалните мрежи решиле да го споделат своето мислење откако забележале дека познатиот репортер користел дрвени штипки на огноотпорната јакна додека известувал за пожарите.
Многумина го нарекоа „неетичко, патетично и нарцисоидно копиле“, бидејќи веруваат дека ги користел штипките за да ја затегне јакната и да изгледа подобро додека известувал за жртвите и последиците од шумските пожари во областа.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи го прикажуваат Муир како известува од местото на настанот додека облак чад се издига од уништените населби зад него. Во еден момент тој се врти за да ја покаже штетата и така било можно да се види дрвената штипка за алишта.


Некои го споредиле со сцена од култните Симпсонови кога Хомер сака да ја импресионира Марџ со витко тело со затегнување на вишокот сало на грбот со шнола и ластик.

Инаку, користењето штипки за затегнување на алиштата е стандарден трик за стајлинг на телевизија, кој се изведува за затегнување на облеката без шиење.

Интересно е што Дејвид Муир и претходно бил предмет на дебата на социјалните мрежи поради неговото известување. Минатото лето го обвинувале дека ја модерирал дебатата меѓу Трамп и Харис. Многумина ја забележале неговата пристрасност кон Камала Харис. Во таа дебата, тој постојано го прекинувал Трамп и не ги проверил тврдењата што ги изнесувала Харис.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

После пауза од 6 години на сцената на Народниот Театар во Битола повторно ќе биде поставена хит претставата „Кокошка”

По успешното враќање на репертоарот на НУ Народен Театар Битола на претставата “Сомнително лице” на …