Дали е ова реално: Мега договор за Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на повеќе милионско продолжување на договорот со саудискиот клуб.
Според информациите на локалните медиуми, кои ги пренесува „O Jogo“, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година за неверојатни 200 милиони евра.
Роналдо на 5 февруари ќе наполни 40 години, но тој факт не ги спречил богатите сопственици на клубот да му понудат чудесна сума пари за да остане во Ријад по истекот на договорот ова лето.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Се наведува дека еден од првите играчи кој се согласил да се пресели од врвниот европски фудбал во Саудиска Арабија веќе ја прифатил понудата и е блиску до официјално потпишување на договорот.
Португалецот дојде во Ал Наср во јануари 2023 година по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед, а според деталите за продолжувањето на соработката ќе остане најплатен играч во светот со заработка од околу 3,8 милиони евра неделно.


Роналдо оваа сезона одигра 18 натпревари во сите натпреварувања и постигна 16 гола со две асистенции.
По 14 одиграни натпревари Ал Наср е трет во шампионатот со 28 бодови. На 84 натпревари во дресот на клубот од Ријад постигнал 75 голови.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …