Покажала хуманост – Анџелина Џоли во вилата вредна 25 милиони долари сместила семејство кое останало без покрив над главата

Анџелина Џоли го понудила својот дом како засолниште за луѓе кои останале без покрив над главата од шумските пожари кои беснеат низ Лос Анџелес.
Како што пренесува Daily Mail, актерката открила дека во својот дом вреден 25 милиони долари примила луѓе кои деновиве останале без покрив над главата. Ова не е единствената помош што тааима намера да ја пружи.
Таа ветила и дека ќе обезбеди парична помош со се што е потребно за да им помогне на тие семејства, доколку е можно, што поскоро да се згрижат и да се вратат на секојдневниот живот. Планира да помогне и со донации за пожарникарите.

„Во моментов се грижам за луѓето кои ми се блиски и ги засолнувам во мојата куќа“, изјавила таа.


Инаку, актерката и нејзиниот 16-годишен син Нокс биле фотографирани во супермаркет во Лос Фелиз додека правеле големо купување за да ги донираат на оние на кои тоа им е најпотребно во моментот.
Многу познати личности одлучиле да донираат пари, храна и облека за луѓето кои неодамна останаа без покрив над главата во Лос Анџелес.
Меѓу нив се и сестрите Кардашијан, Џенифер Гарнер, Бијонсе, Хали Бери и други, па дури и Парис Хилтон решила да донира дел од своето богатство и да волонтира во прифатилиште за напуштени миленици и покрај тоа што и самата останала без покрив над главата во Лос Анџелес.
Потсетуваме, како последица на пожарот загинаа 24 лица, а 23 лица се водат како исчезнати. Прогнозите за наредните денови не ветуваат поволна ситуација. Ветерот од вторник ќе дува засилен, а експертите сметаат дека тоа би можело да биде една од причините за поголемото ширење на пожарот.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …