ПОТПОЛНО НЕОЧЕКУВАНО: Ангелина Џоли се мажи!

Триото Ангелина Џоли – Бред Пит – Џенифер Анистон, како и сите детали од нивниот живот, не престануваат да ја интригираат јавноста.
Откако неодамна најголемиот дел од вниманието го украде Бред и неговата, прва, поранешна сопруга Џенифер Анистон и нивната љубов, која се разгоре, според извештаите на светските медиуми, Ангелина остана во втор план. Додека многумина ги очекуваат свадбените sвона на Бред и Џенифер, се чини дека Ангелина ги надмина. Поточно, ако верувате во пишувањето на таблоидот „Life&Style“, 44-годишната актерка наскоро се мажи.


Гореспоменатиот медиум тврди дека Ангелина и нејзиниот таен партнер,милијардер, планираат да стапат во брак во Франција.
„Тие планираат да одат ‘среде никаде’ за да ја имаат потребната приватност”, открил извор.
Додал дека откако ќе ги смени заветите со богатото момче чиј идентитет го крие од јавноста, Ангелина планира трајно да се пресели во Франција.
„Тој ќе ги поминува викендите со неа а може да работи и од лаптоп, на кое било место во светот“, тврди изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …