Често имате херпес на усните? Еве што значи тоа за вашата здравствена состојба…

Херпес на устата најчесто се добива во детството. Вирусот останува во нервните клетки, а во зависност од состојбата на вашето здравје и инфекциите повторно се појавува
Појавата на херпес на усните значи дека имунитетот нагло ви паднал или тој е последица на некои други болести или состојби.
Може да настане како реакција на телото на јака менструација, претпрен голем страв, стрес, или нервоза. Исто така може да биде проследен како дел од некои вирусни инфекции или температура, па поради тоа во народот некогаш се говорело „го исфрли темперaтура“.
Херпесот е всушност вирусна инфекција, обично првпат се јавува уште во детството, но може да се појави и многу пати во текот на животот. После првата инфекција, вирусот останува во нервните клетки и во зависност од состојбата на имунитетот може повторно да се активира.
Најчесто се јавува на исто или приближно исто место.
Треба да се биде посебно внимателен бидејќи херпесот е заразен.Затоа, ако го имате немојте да бакнувате малечки бебиња, особено новороденчиња бидејќи на нив тое би можело погубно да делува. Не делете чаши или грицки.
Ако другите домашни веќе имале херпес на усните одбегнувајте делење чаши и бакнување за да не се заразите. Внимавајте и ако повеќе пати со раце јадете од некој сад, на пример чипс и други грицкалки бидејќи и тоа е еден од начините повторно да се активира вирусот.
Како се развива?
Ден до два пред појавата на херпесот, местото на кое ќе избие може да пецка и да биде чувствително. Потоа настануваат меурчиња кои со тек на време пукаат, а потоа и жолти красти и ранички. Се’ заедно, од појавувањето до исчезнувањето трае 7 до 10 дена.
Не е потребно да се лекува со посебни лекови. Но, во случај кога зачестено се појавува добро е да се побара помош од лекар, кој може да ви препише антивоспалителни лекови.
За побрзо зацелување обично се користат препарати на база на цинк и масло од чајно дрво. Одличен народен лек е и чен лук кој на местото на херпесот треба да се држи пет минути.
Одморајте се и колку е повозможно одбегнувајте стресни ситуации. Насмевката исто така ќе делува како лек против херпес бидејќи таа го поттикнува имуноглобинот А, протеин кој му помогнува на организмот да се бори против инфекции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …