(ВИДЕО+ФОТО) Унковски и Стефановски за децата:„Бушава азбука“ за сите дечиња за полесно поминување на времето дома!

Своевремено култната тв серија „Бушава азбука“ се враќа на екраните на МТВ…
Причина – коронавирус!
Добродетели – Слободан Унковски и семејството на Горан Стефановски.


Времињата се менуваат но она што оставило трага на повеќе генерации сигурно ќе биде интересно и за денешните деца…Тоа е секако играно – едукативната серија „Бушава азбука“ која „залепуваше“ покрај малите екрани во исчекување на нови епизоди…


„Драг Венко,
овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …