Потопло време, но не излегувајте без чадор!

Од синоќа над територијата на државата има значителна облачност.
Од денес (вторник) најпрвин на запад а потоа и на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека на повисоките планински места од државава ќе има врнежи од снег.
На вториот ден од новата 2018. година времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди (на некои места и нешто подолги) додека доцна попладнето и вечерта повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Сепак и во текот на денот на крајниот запад ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките планини.
Во текот на вечерта и ноќта кон среда ќе започне да дува северен ветер со што температурите ќе бидат во опаѓање па така услови за послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места од државава и тоа некаде на околу 1000 м.н.в а можно е и малку подолу. Максимумот на температурите на воздухот утре (вторник) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Подолгорочна прогноза укажува дека првата половина од овој месец би била релативно потопла од просекот за разлика од изминатата 2016. година кога на почетокот од јануари имавме продор на екстремно студен сибирски бран и температури од дури околу -30 степени.
Оваа година барем моментално според развојот на времето ќе имаме далеку поблаги временски услови и релативно натпросечни температури на воздухот.
Што се однесува до врнежите истите би биле во нешто помало количество иако би требало да има и повремени влажни воздушни бранови.
Но, овие подолгорочни прогнози треба да се прифаќаат со резерва бидејќи врмето е навистина непредвидливо…најавуваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …