После години страдање глумицата проговорила за таткото кој ја злоставувал

Холивудската глумица Рози О’Донел открила дека татко и сексуално ја злоставувал кога била дете…
Својата приказна глумицата ја раскажала пред Рамин Сетудех за неговата книга „Ladies Who Punch: The Explosive Inside Story of The View”. Таа отворено говорела за своето бурно но несреќно детство,пренесува CNN.
Кога мајка и умрела таа имала само 10. години. Комичарката рекла дека била жртва на сексуално злоставување и првпат открила дека тој монструозен чин го направил токму нејзиниот татко.


„Бев многу млада кога почна злоставувањето.Кога мајка ми почина татко ми беше принуден да се грижи за пет деца. Во суштина, тоа е нешто за што не сакам да зборувам“, рекла Рози О’Донел.
Глумицата додала дека сексуалното злоставување на деца секако ги менува децата и идниот човек.
“Секое дете кое е ставено во таа позиција, посебно доколку го злоставува некој од семејството, чувствува дека е потполно немоќно и заробено, бидејќи лицето на кое треба да му каже за проблемот е она кое го прави злоставувањето“, рекла таа.
Таткото на познатата глумица, Едвард Џозеф О’Донел починал во 2015. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …