(ФОТО) Живот вон холивудските шаблони: Прекрасната актерка со години го крие животот од љубопитната јавност, посебно мажите и децата


“Многу луѓе не го знаат ова за мене, но јас обожувам да бидам дома. Наместо да шетам по црвениот тепих, повеќе сакам да бидам со своите девојчиња”, рекла Ева…
Ева Мендез и Рајан Гослинг се заедно од 2011.та година и имаат два ќерки.
Латино актерката Ева Мендез со својата убавина и грациозност освоила бројни машки срца, но еден ја маѓепсал и нивната љубов трае веќе долго време. Станува збор за актерот Рајан Гослинг.


Парот е заедно од 2011.та година, кога биле фатени на романтичен состанок во Дизниленд, а се запознале на сетот на филмот “The Place Beyond the Pines”. “Судбоносното да” го кажале во 2016-та година во строга тајност. До ден денес во јавноста не излегла ниедна фотографија од венчавката, исто како што се дознало дека Ева е бремена дури кога актерката била во 7-миот месец од бременоста.

https://www.instagram.com/p/Bt6YEb5AQJC/?utm_source=ig_embed


Парот има две ќерки – Есмералда, родена во 2014-та година, и Амада, која на свет дошла во 2016-та година. Исто така, во овие 8 заеднички години парот се појавил заедно на црвениот тепих само неколку пати, а вешто се криел од папараците и во слободното време.
Претходно, Рајан бил во врска со актерките Сандра Булок и Рејчел МекАдамс, која му била партнерка во филмот “Notebook”, додека Ева дури 8 години била во врска со Џорџ Аугуст.

https://www.instagram.com/p/Bu7Yh-xlwgU/?utm_source=ig_embed


Погодувате, ни за врската со Џорџ не се знае речиси ништо, а нивни заеднички фотографии имало само неколку.
За својот живот со Рајан и нивните ќерки Ева Мендез рекла:
“Многу луѓе не го знаат ова за мене, но јас обожувам да бидам дома. Наместо да шетам по црвениот тепих, повеќе сакам да бидам со своите девојчиња”, рекла Ева во едно интервју за “Shape”, и открила зошто никогаш не била придружба на премиерите и доделувањата награди за филмови кои тој уште ги снима, додека таа се повлекла од индустријата откако забременила по прв пат..

https://www.instagram.com/p/Bu6l9rUgwbW/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/Bu6keLvB7uq/?utm_source=ig_embed

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Роберт де Ниро, додека ја примал Златната палма во Кан, го прозвал Трамп: „Тој е лицемерен претседател“

Филмскиот фестивал во Кан започна синоќа, а по тој повод Златната палма му беше врачена …