Полска уапси руски хокеар поради шпионажа

– Полска уапси руски професионален хокеар на мраз под обвинение за шпионажа, соопшти денеска Обвинителство во Варшава, додавајќи дека тоа е 14. лице уапсено од една шпионска мрежа.

Рускиот хокеар е одведен во притвор во јужната полска област Шлеска. Неговиот идентитет, како и полскиот хокеарски тим за кој настапувал, не се јавно обелоденети.


Обвинителите само наведоа дека пристигнал во Полска во октомври 2021 година.

Полска, која е клучната земја на западната воена поддршка на Украина, тврди дека станала главна цел на руски шпиони и ја обвинува официјална Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.


„Руските шпиони упаѓаат еден по еден!“, напиша полскиот министер за правда Збигњев Зиобро на својот Твитер профил. „Уапсен е шпион кој делувал под закрила на спортист.

Русинот беше играч на прволигаш“, додаде полскиот министер. Доколку биде прогласен за виновен на приведениот руски хокеар му се заканува казна затвор до десет години. ег/ .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …