ПОДДРШКА ОД ЛУЃЕ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Д-р Аголи кој заболе од коронавирус откри дека немал никакви симптоми!

Дебарскиот доктор Арбен Аголи, кој е заразен со коронавирус, синоќа со линковско вклучување се обрати на ТВ21. Тој рече дека немал никакви симптоми, и дека се тестирал поради тоа што бил во контакт со лица заразени од коронавирусот, кои биле кај него на преглед.

Тој упати апел до сите граѓани на земјата.
„Упатувам апел до сите кои по било која основа имале контакт со заболено лице, да се јават во Институтот за јавно здравје, да се проверат. Ако се позитивни, да се изолираат и со тоа ќе придонесат други лица да не се инфицираат“, рече Аголи.


Доктор Аголи истакна дека луѓе од цела Македонија му се јавиле да му дадат поддршка, за што јавно им се заблагодари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …