ИНФОРМИРА НО И РАЗОНОДУВА – Совет од кумановец како да се однесуваме во супермаркет:„Држи дистанцу од други људи на касу! Не им диши у врат!“

На социјалните мрежи се шири едно упатство од кумановец за однесување во супермаркет…Со кумановски акцент „дотичниот“ информира но и разонодува со неговите совети како да се однесуваме во супермаркет кога одиме во набавка…
Прочитајте оти сигурно, во овие тмурни времиња, ќе измами намсевка на вашето лице!
„Совет од кумановец како да се однесуваме во супермаркет во ова време – невреме на коронавирус и вонредна состојба!
1. Направи списак од дома и напиши што ти треба да купиш за да поретко искачаш од дома. Тој значи да – купи тоалет и храну ама не како да ке снема. Италија е у карантин пуно време још никој не умре од глад или остана с’с неизбришано дупе. Значи купуемо свесно а не панично.
2. Премачкај руке с’с алкохол или тија гелови пред да улегнеш у маркет.
3. Имаш списак. Тој значи дека не се шуњаш по маркет натам навам. Стављаш у корпу што ти е на списак. Што побрзо искочиш од маркет тој боље.
4. Не ги пипкаш работе! Тој значи дека не проверуеш кое пиво е поладно или кој патлиџан е позрел. Што пипнеш, твое си е!


5. Ако гу сретнеш комшику ти Цвету или било кога у маркет, држиш дистанцу од метар. Не се поздрављаш с’с физички контакт и не стоите 20. минута заедно да си се жалите над судбину. Ако ги затворисва кафиќи, тој не значи дека маркети су нови места за социјализацију. Јави ву се на Цвету на телефон, па се жали
6. Имајте обзир за људи што работив у маркети и њини фамилие. Значи најминималан могуќи контакт с’с продавачи. Платиш и искачаш. Не се тепаш и караш с’с продавачи ако нешто нема. Не су они криви, ми ке смо криви ако купуемо тоалет за наредни 5. године.
7. Држи дистанцу од други људи на касу! Не им диши у врат!
8. Ако можеш не користи кеш
9. Не се тепај за намирнице! Ке има за сви!
10. Искачаш од маркет, поново бришеш руке с’с средство и идеш си дома“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …