Пациент заразен со вирусот корона се опоравил откако го примил експерименталниот лек „remdesivir”.
„Имаме прва личност која заздрави откако се лекуваше со експериментален лек“, рекол примариусот на Клиниката за инфективни болести во болницата „Сан Мартино“ во Ѓенова, Матео Басета.
Како што се наведува, лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7. март и веќе на две тестирања бил негативен на корона вирусот.
Пациентот наскоро ќе се врати во Ломбардија, рекол Басети, потенцирајќи дека сите лекари се многу задоволни затоа што лекот се чини дека е успешен.
Басети додал и дека повеќе пациенти лекуваат со истиот лек.
Министерството за здравство на Италија во средата го одобрило тестирањето на животни на првата вакцина против вирусот корона, објави новинската агенција АНСА.
Пробната вакцина е создадена во лабораториите на компанијата „Такис“ и според се, тоа е прва пробна вакцина во Европа.