Поранешниот тапанар на групата „Ред Хот Чили Пеперс“, Д.Х. Пелигро почина на 63-годишна возраст по пад во неговиот дом во Лос Анџелес.
Тој починал откако удрил со глава при несреќен пад во петокот во неговиот дом.
View this post on Instagram
Тапанарот, чие вистинско име е Дерен Хенли, им се придружи на „Dead Kennedys“ во 1981. година, а подоцна свиреше со Ред Хот Чили Пеперс.
Кога „Dead Kennedys“ повторно се обединија во 2001. година, тој повторно им се придружи.
View this post on Instagram
Тој беше вториот тапанар на бендот и ја презеде функцијата од основачот на групата.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram