(ФОТО) Од познати брендови во затворска униформа: Како „пропадна“ Боки 13?

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, крена голема прашина со своето појавување на сцената, а долго време потоа не престана да ја интригира јавноста.

View this post on Instagram

A post shared by Boki 13 (@boki13official)


Јавноста го запозна Боки 13 кога влезе во реалното шоу, кога го привлече вниманието облекувајќи се во женски костими, промовирајќи скапи брендови и лесниот живот што го живееше.



Многумина го паметат како буцкасто момче, облечено во женска облека, пропагираше познати скапи брендови.
Меѓутоа, во еден момент се повлече од јавноста, а неколку години подоцна се појави со многу помалку килограми, облечен во елегантни машки костуми. Боки 13 го направи својот изглед непрепознатлив, па дури тогаш на многумина им изгледаше како маж, но сепак имаше силикони во усните.
Во 2019 година како бомба одекна веста дека Боки 13 е уапсен под обвинение за рекет, а целата акција се одвивала на пат кон Миконос, на граничниот премин кон Грција. Така, во секунда Боки 13 ги замени планираните тропски денови на овој луксузен и нималку евтин остров со оние во затворска ќелија.


View this post on Instagram

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Првото прашање што се наметна е како Боки 13, кој трипати учествувал во реални шоуа од 2010. година, за само четири години стекнал милионско богатство.
– Јовановски е осомничен и за перење пари, односно дека 1,5 милиони евра што ги земал ги ставил во легални канали купувајќи облека и плаќајќи патувања – изјавила пред судот обвинителката Вилма Рускоска додека во тој момент бил спроведен во притвор. Јовановски, кој искористил тој момент да даде свој коментар:
– Кажува лаги – беше се што кажал Боки 13, кој со лисици на рацете бил однесен во затворската ќелија.
Инаку, Бојан Јовановски беше претепан во затвор каде издржува повеќегодишна казна.
За време на престојот во затвор го претепале тројца мажи, според извори на македонскиот весник, нападот наводно го извршиле двајца осуденици, а освен Боки, нападнале уште едно лице.

View this post on Instagram

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …