ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВИ НА АРХИТЕКТОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДАНА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА AРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА

Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија(ААМ)традиционално и оваа година го објави јавниот повик и повика за учество за доделување на“Голема годишна награда за 2022 година“.Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество.Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја. Наградата свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината, а истата е подпокровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Големата годишна награда на ААМ се доделува на државјани на Република Северна Македонија, со завршен VII степен на образование. За учество, потребно е по електронски пат да се поднесе пријава за авторско дело – реализиран архитектонски објект на територијата на Република Северна Македонија кој е завршен во истата календарска година. За уредно аплицирање, потребно е да се достават следните податоци и информации:


  • Име на објектот;
  • Име и презиме на авторот (авторите) на проектот;
  • Овластување на проектантот (проектантите);
  • Функционално – технички опис;
  • Прилози: Извод од план, ситуација, сите основи, пресеци, изгледи, 3Д;
  • Фотографии од објектот.

Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори на проектот кој ќе биде пријавен, за учество во изборот треба да платат котизација во износ од 3.500 денари, по пријавен труд. Доказот за уплата треба да се доставипри пријавување за учество, заедно со погоре наведените документи и информации.

Пријаватасе доставува по електронски пат на:kontakt.aam@gmail.com, а рок за аплицирање е до 28.11.2022година.


Сите заинтересирани за “Голема годишна награда за 2022 година“, повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број: 076 350 336, или на: kontakt.aam@gmail.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …