Починал Мартин Крејн од „Фрејзер“

Британскиот глумец Џон Махони починал во Чикаго, во 78. година, потврдил неговиот гласноговорник за TMZ.
Најпознат бил по улогата на Мартин Крејн, таткото на Фрејзер и Нилс Крејн, кои ги играле Келси Гремер и Дејвид Хајд Пирс. Серијата емитувала 11. успешни сезони (1993.- 2004.) во текот на кои освоила бројни награди, вклучувајќи 3. Златни глобуси и на многумина им се „вовлекла“ во срцата.


Во долгата и плодна кариера кариера која траела повеќе од 30. години Махони освоил SAG (Screen Actors Guild Award) за „Фрејзер“ и бил номиниран за две Еми и два Златни глобуси.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …