Откако открила дека скоро загинала на снимањето на „Убиј го Бил“ во 2002. година, Ума Турман на Инстаграм објавила и’ снимка од несреќата.
На снимката се обидува да го контролира автомобилот, но од патот се залетува во дрво. После ударот останува да лежи на седиштето, додека членови од екипата не ја извлечат од автомобилот. Иако „околностите на настанот биле непримерени до ниво на злостор“, пишува Ума, но не верува дека имало лоша намера.
Таа не го обвинува режисерот Квентин Тарантино за несреќата, но го обвинила Харви Вајнстајн дека се’ сакал да прикрие.
„Квентин Тарантино жалеше поради се и ми даде снимка за да можам ’да ги раскринкам’ иако овозможи да не се спроведе правдата. Ми ја даде снимката свесен дека тоа би можело да му наштети и се гордеам со неговата храброст. Криењето на ова е неприфатливо. Виновни се Лоренс Бендер, Е. Бенет Волш и злогласниот Харви Вајнстајн кој лажеше, ги уништи доказите и продолжи да лаже за штетата која ова ја предизвика“ напишала Турман.
Глумицата несреќата ја опишала во написот во The New York Times во саботата. Снимката Трантино не сакал да и ја даде 15. години и дури неодамна се согласил на тоа. Рекла дека во првите моменти после несреќта мислела дека е парализирана и го молела Тарантино да не снимаат.
„Дојде во мојата приколка и како секој режисер не сакаше да слушне не. Беше бесен бидејќи му одземав време. Бев уплашена. Ми рече дека автомобилот е добар и дека ќе возам по рамен пат.’Удри со 60. километри на час или косата нема да ти лета на вистински начин и ќе мораш повторно да снимаш’. Но, седнав во кутија на смртта. Седиштето не беше прицврстено, а патот не беше рамен“ опишала глумицата.
„Неговата ладнотија после несреќата беше ’дехуманизирачка до смрт’“ напишала Ума.
„После излегувањето од болница носев крагна за вратот, колената ми беа повредени и на главата имав оток во големина на јајце“ додала лутата глумица.
Таа го обвинила Вајнстајн дека сексуално ја злоставувал во 2002. година во Мексико.