Брз колач од гриз и чоколадо

Посластица кој се прави многу лесно и брзо, а состојките се – од се’ по малку…
Кога дома ќе ви остане од се’ по малку, шака од ова, или од она, едно јајце…Се’ измешајте во еден баш сочен колач. Наместо јаболки може круши, наместо ореви може лешници или бадеми, а сувото грозје може да биде интересен додаток…
Состојки:250 г. гриз, 150 г. мелени ореви, 250 г шеќер, 100 мл масло, 100 мл млеко, 2 јајца, 2 јаболки, 1 прашок за печиво.
Подготовка: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте масло, млеко и повторно изматете. Не мора со миксер може и со маталка.Потоа додајте гриз, печиво, рендани јаболки. Се’ изедначете и истурете во тава покриена со хартија за печење. Рерната вклучете ја на 200 степени и ставете го колачот. Намалете на 180 степени и печете околу 30 минути.
Испечениот колач изладете го и покријте со глазура од 100 г чоколадо за готвење и 2 лажици масло, или путер – маргарин.
Полијте го колачот и израмнете.
Оставете малку да се излади и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …