(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Вешта игра на Меланија Трамп: Жена од која треба да се учи!

Првата дама на Америка ги фасцинирала присутните со комбинација на јака жолта и кафеава боја…
Првата дама на Америка со сопругот, Доналд Трамп, отпатувала во Охајо. Како и што сме навикнале и’ ова појавување го одбележала со впечатлива комбинација на облекување.
Иако понела многу едноставни парчиња, комплетниот изглед е многу ефектен, поради вештата игра со бои и материјали.
Елегантната Меланија се појавила во капут во јака жолта боја под кој носела ролка во иста боја, а целиот стајлинг го потполнила со кожно здолниште во кафеава боја со шлиц.
Парчињата одлично се вклопиле,а кројот на здолништето ја испратил и истакнал совршената фигура на убавата Словенка. Со шик комбинацијата Меланија понела салонки со шара од тигар и Биркин чанта во боја на здолништето.

Меланија уште еднаш покажала дека е жена од која можеме многу нешта да научиме кога станува збор за модата бидејќи вакви модни парчиња тешко дека некој друг би успеал да склопи, а при тоа да изгледаат толку добро.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …