Почина Стефан Георгиевски – познатиот уметник е голема загуба за македонската уметност

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот долгогодишен соработник и пријател, Стефан Георгиевски.
Стефан беше вреден и посветен конзерватор кој се грижеше за колекцијата на Музејот во периодот од 1981 – 2016 година.
Почивај во мир драг колега, ти благодариме за се што научивме од тебе!“ објави Музејот на современа уметност во Скопје.

Георгиевски завршил Академија за ликовни уметности 1975 година во Љубљана, а потоа магистратура и докторат во Холандија. Тој беше еден од најталентираните уметници, а неговото вечно заминување е голема загуба за македонската уметност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …