Во петок се затвора мултимедијалниот фестивал „Преспаленд“

Како за крај на ова незаборавно мултимедијално доживување, во петок ( 17.09) ќе има низа настани со кои ќе се одбележи крајот на првото издание на фестивалот „Преспаленд“.

Со почеток во 10:00, во чест на народниот борец и поет Димитар Мите Богоевски, во истоименото училиште во Ресен ќе биде отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.


Од 17:00, во Домот на културата во Ресен ќе биде отворена ликовната изложба „Преспа во срцето“- Кирил Јоновски најголемиот познавачач и хроничар на Преспа.


Во 19:00 на амфитеатарот во Ресен ќе настапи Toka Shitet. Зад ова уметничко име е Идриз Амети, фронтменот на групата „Бла Бла Бла“. Како соло уметник свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија. По него со почеток од 20:00, концерт ќе имаат Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Се гледаме на Преспаленд 2021


Напомена: Фестивалот ќе биде одржан според актуелните здравствени протоколи за одржување на настани на отворено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …